fbpx

Орданоски очајно бара помош: Ново продолжение на љубовната сага

Не престануваат реакциите на социјалните мрежи за љубовната сага на Роберт Орданоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Орданоски на „Фејсбук“ својата долгогодишна сопруга Агнеса ја нарече „фотошоп барбика“ која „се оладила“ од љубовта кон него бидејќи тој повеќе не е директор.

Во меѓувреме и двајцата дадоа интервјуа за неколку медиуми, а пред неколку часа Орданоски повторно се огласи на социјалните мрежи.

– Дали има некој брачен советник да ми даде малку ум во очајнава ситуација во која се наоѓам? Агнеса е преселена кај нејзините, ги преселила и сите нејзини и на децата алишта таму.. Го напуштила домот, пред да се вратиме од Пелистер.. Бара децата да ги однесам таму.. Наводно, ќе сум можел да ги видам кога сакам.. Прво сакав да ги носам дома, сепак, мајка им е, не ги видела од понеделникот, решив да ги однесам таму.. Што од правен аспект значи оваа циркузијада.. ?Благодарам за компетентниот одговор што ќе го добијам, тотално сум неспремен за оваа ситуација.. А јас, ќе си одам сам дома, да поразговарам малку со ѕидовите, да видам што правеле овие 6 дена, дур не бев дома – напиша тој на „Фејсбук“.

Следни Објави

Ме исмејуваат жени што до Вардар не отишле: Нова исповед на сопругата на Орданоски

Негативните коментри, особено од жените многу ми се смешни. Жени што до Вардар не отишле. Затоа не се замарам. Разбирам дека имало и ќе има луѓе љубоморни и искомплексирани, вели Агнеса Органџиева во нејзината последна исповед за разидувањето со Роберт Орданоски. Љубовната сага на поранешниот директор на Агенцијата за електронски […]