Проф. д-р Смиља Туџарова Ѓоргова, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, за Канал 5 телевизија објаснува дека од четири недели до три месеци не треба да се ставаат филери пред примање на вакцината против Ковид-19.
Ова се дел од истражувањата што ги добиле хирурзите од пластична хриругија во светски рамки. Лани во декември кај три жени кои примиле вакцина против Ковид-19, а краток период претходно имале ставено додатоци во своето тело завршиле во болница со отоци и гушење.
Сепак, Туџарова смирува дека не е се’ така црно кога се во прашање естетските корекции. Таа објаснува дека и со липофилинг може да се направи подмладување, а воедно и да се прими вакцината без последици.