Не ме интересира повеќе ни имиџот, ни сеир од јавност, ништо од тоа. Заљубен сум, ја сакам Агнеса и сакам да си го спасам бракот. Сакам да се врати, сакам децата да се вратат дома. Ова го вели Роберт Орданоски, поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации, во неговото последно медиумско обраќање, овојпат за порталот „Јоци.мк“.
„Не се срамам ни да кажам дека сум тажен и постојано плачам“, признава тој откако пред само неколку часа јавно преку неговиот профил на „Фејсбук“ побара брачен советник.
Во меѓувреме се огласи и неговата сопруга со која има две малолетни ќерки.
„После ова нема шанса. Сега додека сум млада, сакам да бидам сама и да ѝ се посветам на кариерата“, категорично му порача таа.