fbpx

Постојано мислам на него: Проговори вонбрачната ќерка на Аркан

Софија Ражњатовиќ (41), вонбрачната ќерка на Жељко Ражњатовиќ Аркан, годинава била спречена да присуствува на годишнината од неговата смрт поради коронавирусот.

Таа вели дека Аркан засекогаш ќе живее во нејзиното срце и дека многу ѝ недостасува.

– Постојано мислам на него. Оваа година бев спречена да присуствувам на поменот поради целата ситуација со пандемијата. Се надевам дека моето семејство е добро, дека се’ е во најдобар ред и дека го пронашле својот мир после сите овие години. Поминаа повеќе од две децении и време е да продолжиме со нашите животи. На сите им посакувам среќа и успех, а мојот татко ќе продолжи да живее во нашите срца – напиша таа на социјалните мрежи спомнувајќи го и нејзиното семејство во Белград.

Софија е едно од деветте деца на Аркан кои ги доби со пет различни жени. Нејзината мајка е социјална работничка за која Аркан се грижел во белгискиот затвор. Денес живее во Брисел, а првпат го видела татка си на телевизија кога стана светски познат во 1991 година. Таа е една од ретките кои е во добри односи со Цеца Ражњатовиќ.

Кои се другите деца на Аркан, прочитајте ТУКА!

Следни Објави

Вечерва се отвора небото: Замислете желба и направете го ова!

Според верувањата, вечерва точно на полноќ, во очи на големиот христијански празник Водици, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог им ги исполнувал желбите кои кора да бидат јасни. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековити. Од таа вода […]