fbpx

Имав 13, а тој 80: Нов шок, и менторот на Алексиќ бил предатор

Водителката Јована Јакиќ која своевремено ги посетувала часовите на Мика Алексиќ, денеска во живо во утринската програма на српската телевизија Хепи откри дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на познатиот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ, инаку ментор на уапсениот наставник по глума кој е обвинет за силување и за сексуално злоставување.

По тој повод се огласи и актерката Маријана Ѓорѓевиќ Обрадовиќ. Таа гостувајќи во друга емисија на истата телевизија ги потврди зборовите на Јакиќ дека „и во двете школи имало систематски организирано злоставување“.

– „Овој дедо е заљубен во мене“, им реков на родителите кои веднаш организираа состанок со Миладиновиќ. Тој се вадеше дека бил заљубен во мојот талент. Тоа што веднаш ги напуштив часовите е поради тоа што научив да бидам таква, благодарение на моите родители. Секогаш сум покажувала емоции, но тоа не значи дека тоа искуство е комплетно закопано во минатото. Тоа се длабоко вкоренети стресови. Јас имав 13, а тој околу 80 години. Бргу по овој инцидент тој се пресели, се разболе и почина. Не дојде до сексуален чин, јас успеав да побегнам – тврди таа.

Инаку, српскиот режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ ги негира обвинувањата на Милена Радуловиќ за силување и за сексуално злоставување. Во меѓувреме, проговорија уште неколку девојки и жени кои го обвинија за истите дела, а судот му одреди притвор.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Алексиќ негира сѐ, Милена пак се огласи: Нејзините зборови болат!

Актерката Милена Радуловиќ која прва јавно го обвини Мирослав Мика Алексиќ за силување и за сексуално злоставување, повторно се огласи во медиумите откако во меѓувреме притворениот наставник по глума беше сослушан и категорично ги отфрли сите обвиненија против него. „Јас моментално не сакам претерано медиумско експонирање на оваа тема. Мое […]