fbpx

Тијана со трогателна објава за Милена, српските ѕвезди ја поддржаа

По македонската актерка Весна Петрушевска, преку трогателно отворено писмо максимална поддршка на младата српска актерка Милена Радуловиќ ѝ даде и нашата позната пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ.

Нејзините зборови наидоа на бројни позитивни коментари од страна на познати српски личности. Меѓу другите, за говорот ја пофалија и пејачката Ана Бекута, писателката и водителка Јелена Бачиќ Алимпиќ и композиторката Александра Ковач.

– Зошто дури сега проговори? Не знам, можеби затоа што и понатаму ве има такви кои постојано повторувате дека жртвите на силувачи и на педофили тоа самите си го барале, дека сигурно со нешто провоцирале, дека самите се виновни.. И многу често имате потреба да барате изговор за работи кои не се простуваат. Зошто?

Ако молчела досега, можела да продолжи да молчи засекогаш. Како секогаш доаѓаме до тоа дека треба за се’ да се молчи? Како не ви е доста од молчење? За мали и за големи работи, за онаа планина која ја направивте под килимот трупајќи ги сите проблеми таму, за насилство и за злоставување?

А, можеби и не молчела, туку наидувала на луѓе кои биле глуви за нејзината мака, баш такви како вас.

„Сигурно се’ измислила бидејќи и пропаѓа кариерата, потребна ѝ е некоја улога“. Па, да, полесно е да се поверува дека некој ја измислил сопствената тага, отколку дека едвај, после толку време, собрал сили повторно да преживее се’, да го објасни секој детаљ и да одговара на кој знае колку прашања додека ја поднесува пријавата..

Срам да ви е за секој коментар на оваа тема кој не е поддршка, туку замолчување на жртвата. Молчењето не е злато. Никогаш не ни било. Сите тишини еден ден стануваат крик – вели Тијана.

Српскиот режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ ги негира обвинувањата на Радуловиќ за силување и за сексуално злоставување. Судот му одреди притвор.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.



Следни Објави

Генерација се, делат иста страст: Марина проговори за љубовта со Алачки

Си ги разубавуваме животите еден со друг веќе шеста година, открива Марина Дојчиновска која за „Слободен печат“ одлучи да проговори за љубовта со докажаниот музичар Горан Алачки. Вели дека се сретнале двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје. „Потоа продолживме патувањата да ги планираме заедно и да ги […]