fbpx

(ФОТО) Актерките злоставувани од Мика Алексиќ за време на школувањето

Младите актерки Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ преку ноќ станаа херои кога одлучија јавно да признаат дека биле жртви на сексуално злоставување од страна на угледниот професор по глума Мика Алексиќ. Тие охрабрија и многу други девојки и жени да го пријават во полиција, а некои од нив сепак посакаа да останат анонимни.

Интересно е што Ива и Милена се знаат од порано. Илинчиќ сподели фотографија со својата колешка и откри дека другарувале уште во студентските денови.

„Милена и јас на денот кога се запишав на Факултетот за драмски уметности“, напиша Ива и воодушеви многумина, а на сликата може да се видат нивните насмевки.

Покрај голготата низ која поминале, двете актерки во тие денови биле една покрај друга.

Алексиќ ги негираше сите обвиненија, но речиси сите угледни адвокатски канцеларии одбија да го бранат на суд.

Во меѓувреме повторно се огласи Радуловиќ која прва собра храброст јавно да раскаже дека професорот ја силувал кога имала само 17 години.

Проговори и уште една актерка која изјави дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на неговиот ментор, покојниот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ.

Молкот го прекина и сопругата на Алексиќ, актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности, Билијана Машиќ, на која животот преку ноќ ѝ се претвори во пекол.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресно сведоштво: Милена низ солзи раскажа како Алексиќ ја силувал

Младата актерка Милена Радуловиќ (26) која прва собра храброст да проговори за силувањето и за сексуалното злоставување од страна на професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ, денеска првпат се појави на суд каде беше сослушувана цели пет часа. Таа детално раскажала за нејзиниот однос со Алексиќ кој првиот пат ја […]