fbpx

По сите трагедии, конечно е среќен: Васил повторно е наш избор за „Евросонг“

Националниот сервис одлучи на струмичанецот Васил Гарванлиев да му даде уште една шанса да не’ претставува на најпрестижниот музички натпревар во Европа.

Пејачот кој од дете е пред камера и се прослави со „Марионка“ е пресреќен што МРТ повторно му ја довери оваа одговорна задача.

– Ретко во животот добиваме не само една, туку три шанси да ни се оствари сонот. Во 2019 застанав гордо зад Тамара, во 2020 посветив сè на ТЕБЕ – но Covid рече не! Во 2021 година го користам моето лично патување и приказна за да го сместам моето срце во твоите раце преку мојот глас. Никогаш не престанувај да веруваш, да сонуваш и да се бориш за она за што се залагаш во животот. Соништата се остваруваат! Благодарен сум за вашата континуирана поддршка и едвај чекам да споделам што планираме како македонски тим. Подобро да бидете подготвени за ова – напиша Гарванлиев на социјалните мрежи.

По многуте години поминати во странство, Васил во 2018 година одлучи да се врати во татковината, посветувајќи се на креирање автентична музика инспирирана од македонските корени.

Позади себе има успешна интернационална музичка кариера, но и тешка животна приказна. Во една прилика откри дека кога имал 17 години, со семејството биле депортирани од САД. Во меѓувреме, во само една година во сообраќајна несреќа загинале татко му и баба му, во период кога секој член од семејството живеел на различна страна од светот.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Актерките злоставувани од Мика Алексиќ за време на школувањето

Младите актерки Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ преку ноќ станаа херои кога одлучија јавно да признаат дека биле жртви на сексуално злоставување од страна на угледниот професор по глума Мика Алексиќ. Тие охрабрија и многу други девојки и жени да го пријават во полиција, а некои од нив сепак посакаа […]