fbpx

Потресно сведоштво: Милена низ солзи раскажа како Алексиќ ја силувал

Младата актерка Милена Радуловиќ (26) која прва собра храброст да проговори за силувањето и за сексуалното злоставување од страна на професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ, денеска првпат се појави на суд каде беше сослушувана цели пет часа.

Таа детално раскажала за нејзиниот однос со Алексиќ кој првиот пат ја силувал на почетокот на ноември 2012 година кога имала 17, а тој 61 година.

Извори од судот откриваат дека на Милена во неколку наврати ѝ носеле вода во текот на сослушувањето, а нејзините адвокати барале да се направат паузи за да може актерката да здивне по потресното сведочење за настраниот учител.

Радуловиќ ја повторила целата приказна која веќе ја пласира во медиумите со детали кои наводно биле премногу болни и за самите присутни во судницата. Таа проговорила за експлицитните сцени кои со години ја прогонуваат.

По завршувањето на распитот, пред судот пристигнал и нејзиниот татко Стеван, а набргу му се придружила и сопругата Александра.

Адвокатите на Радуловиќ кои застапуваат уште три девојки во овој случај изјавија дека истрагата не е отворена за јавност и дека обвинителот донел наредба да не се шират никакви информации од овој предмет.

Следна ќе биде сослушана актерката Ива Иличиќ која исто така го обвини Алексиќ за сексуално вознемирување.

Алексиќ ги негираше сите обвиненија, но речиси сите угледни адвокатски канцеларии одбија да го бранат на суд.

Во меѓувреме повторно се огласи Радуловиќ која прва собра храброст јавно да раскаже дека професорот ја силувал кога имала само 17 години.

Проговори и уште една актерка која изјави дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на неговиот ментор, покојниот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ.

Молкот го прекина и сопругата на Алексиќ, актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности, Билијана Машиќ, на која животот преку ноќ ѝ се претвори во пекол.

Фото: СТ/А. Налбантјан

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Д-р Несторовиќ: Ова мора да го пиете две недели пред вакцина!

Познатиот пулмолог, д-р Бранимир Несторовиќ, откри што е препорачливо да се консумира две недели пред да се вакцинираме против Ковид-19. – Пробиотиците се стимулатори на имунитетот, а тоа се покажа за многу вакцини. Но, мора да се внесуваат во организмот барем две до три недели претходно. Треба да продолжиме со […]