Професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ кој се наоѓа во притвор конечно му се доверил на својот правен застапник. Неговиот адвокат Зоран Јаковљевиќ им откри на медиумите детали од разговорот со својот клиент.
– На прашањето дали злоставувал некоја од актерките кои го обвинуваат за силување, тој ми одговори негативно. Не е вознемирен, ниту пак остава впечаток на личност која е разоткриена. Вели дека е свесен за применувањето на посурови методи во училиштето по глума и објаснува дека тоа тоа му била и целта, да ги извлече најдлабоките емоции потребни за некоја улога. Сепак, тврди дека никого нема силувано. Против него се води огромна хајка, но тој сака да се брани и да се одбрани – вели Јаковљевиќ.
Во меѓувреме расте бројот на девојки и жени кои тврдат дека биле негови жртви. Се појавија и нови грозни сведоштва на негови поранешни ученички. Професорот по глума наводно ги снимал девојките додека сексуално ги злоставувал во неговата канцеларија. Така ги уверувал дека „вежбаат кадар“ за еротски сцени и им нагласувал дека без нив не би можеле да се пробијат во филмскиот свет. Кога ќе завршел со изживувањето, Алексиќ им велел дека сега се соединети со Бога.
Пред два дена, молкот го прекина и сопругата на Алексиќ, актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности, Билијана Машиќ, на која животот преку ноќ ѝ се претвори во пекол.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.