Мирослав Мика Алексиќ ги снимал девојките додека сексуално ги злоставувал во неговата канцеларија. Ова се дел од последните грозни сведоштва на негови поранешни ученички.
Професорот по глума ги уверувал своите жртви дека така „вежбаат кадар“ за еротски сцени и им нагласувал дека без нив не би можеле да се пробијат во филмскиот свет. Кога ќе завршел со изживувањето, Алексиќ им велел дека сега се соединети со Бога.
До овој момент, дури триесет девојки го пријавиле настраниот професор дека во последните 12 години сексуално ги злоставувал во неговото училиште за глума.
Алексиќ ги негираше сите обвиненија. Во меѓувреме повторно се огласи актерката Милена Радуловиќ која прва собра храброст јавно да раскаже дека професорот ја силувал кога имала само 17 години.
Проговори и уште една актерка која изјави дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на неговиот ментор, покојниот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ.
Молкот го прекина и сопругата на Алексиќ, актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности, Билијана Машиќ, на која животот преку ноќ ѝ се претвори во пекол.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.