fbpx

Почина сестра ѝ, остана без дом и едвај се спаси: Животот на секс-симболот од Југославија

Сите животни удари хрватската актерка ги пренесе во монодрама

Хрватската актерка Миа Беговиќ (57) има богата и успешна актерска кариера, но и исклучително тежок живот позади камерите. Глумеше во многу театарски претстави, филмови и серии, а најпозната е по улогите во ТВ-проектите „Гордоста на Раткаеви“ и „Вила Марија“. Уште додека студирала на академијата за драмски уметности добивала бројни ангажмани. Важеше за една од најубавите жени во поранешна Југославија.

Првпат судбоносното ДА го изговори во 1990 година со ватерполистот Роналд Лопатни, инаку поранешен маж на музичката легенда Тереза Кесовија. Миа и Роналд издржаа заедно помалку од една деценија и ја имаат ќерката Маја Лена.

И покрај брачниот неуспех, Беговиќ не крена раце од љубовта. Во 2004 година повторно се мажи, овојпат за бизнисменот Жељко Жнидариќ, а љубовта ќе им потрае шест години. Откако Жнидариќ ќе биде осуден за преземање на земјиште и градење на вили без дозвола за градба, двојката ќе се раздели. „Љубовта едноставно веќе не живее на нашите адреси“, објасни тогаш Миа.

Се зборуваше како нејзината ќерка од првиот брак никако не можела да го прифати Жнидариќ за очув. Иако се чинеше дека Миа и Жељко ќе се разделат во добри односи, тие во 2012 година ги полнеа таблоидите со нивната семејна драма околу борбата за станот во Загреб кадешто заедно живееја.

Додека Миа снимала за реалното шоу „Преживеан“, Жељко наводно ги сменил бравите од нивниот стан така што актерката не можела да влезе. Неколку денови спиела во ходникот пред влезната врата, седејќи на куферите кои човекот со кој се заколна на вечна љубов и ги исфрлил од станот. Во тоа време Миа „кампуваше“ пред станот во фармерки, патики и црна бунда и оние што редовно ја следеле нејзината кариера се сеќаваат на овие сцени.

Подоцна откри дека слична агонија преживеала и нејзината мајка Тереза (84). Таа била исфрлена од станот кадешто живеела веднаш по смртта на Ена, која била сопственичка на просторот. Тогаш Миа несебично ја прими мајка си кај себе. „Немоќна старица исфрлија на улица притоа забранувајќи ѝ да си ги земе лековите“, изјави тогаш Миа.

Најголемиот животен удар за Миа беше смртта на нејзината сестра Ена која загина во тешка сообраќајна несреќа во 2000 година, а во автомобилот со неа беше и тогаш едномесечната нејзина ќерка Лана, која ја доби во бракот со Јосип Радељак. Миа беше многу поврзана со сестра ѝ. Неколкупати има изјавено дека таа ѝ била најголемиот заштитник и најискрениот критичар.

– Се сеќавам кога пред една премиера кадешто добив улога како сопран ми прати цвеќе и ми порача: Прекрасна си, а ќе пропееш и во рајот. Тоа беше Ена. Директна и многу духовита и баш таква сакам да ја паметам – раскажа Миа во една прилика.

Иако и денеска тагува по сестра си, депресијата успеа да ја победи. После сите удари кои ѝ ги нанел животот, Миа во 2016 година ја создаде монодрамата „Сѐ што премолчев“. Призна дека ѝ требало цела година за да ја напише.

– Во животот ми се случија работи што од темел го сменија моето секојдневие и погледот на светот. Прво заминувањето на татко ми, а потоа и на Ена. Веќе многу долго, 20 години, имам потреба нешто да кажам. Имено, во јавноста често излегува она што јавноста го препознава како вистина, а тоа што навистина ни се случува, што нѐ формира, не излегува, или, не е точно интерпретирано. Тоа сознание ми беше мотив за да седнам и да ја напишам монодрамата – призна актерката.

Актерката во неколку наврати има истакнато дека во животот ја следи голем инает кој некако ја води напред дури и во ситуации кога се чувствува дека никаде не припаѓа.

– Сепак, мојот најголем мотив секогаш беше љубовта, никако инаетот – заклучи таа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Алексиќ проговори за силуваните девојки: Неговиот адвокат ги откри сите детали!

Професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ кој се наоѓа во притвор конечно му се доверил на својот правен застапник. Неговиот адвокат Зоран Јаковљевиќ им откри на медиумите детали од разговорот со својот клиент. – На прашањето дали злоставувал некоја од актерките кои го обвинуваат за силување, тој ми одговори негативно. […]