fbpx

Се гушнавме и плачевме: Ребека проговори за починатиот Упа

Прераното заминување од овој свет на македонскиот актер Љупчо Тодоровски денеска вознемири многу негови колеги, но и други познати личности кои имале прилика да соработуваат со него.

Со емотивна посвета од популарниот Упа кој почина од коронавирус, се прости и легендарниот шоумен Игор Џамбазов.

„Каде пријателе мој? Ни поздрав, ни порака, ни средба, ништо.. Барем да ми се јавеше, и во твој стил да ми кажеше: „Шо праиш бе детиште?“. И ти беше едно големо дете, поголемо дури и од мене. А серијата? А филмот? А нашата заедничка турнеја низ Македонија на која ќе го рецитиравме Блаже, Гане, Петре, Анте, Миладиновци?
Почивај во мир, драг мој другар, солзи одамна немам да ве исплачам сите Вас што така лесно не напуштате. Збогум Упа!“, напиша Џамбазов на „Инстаграм“.

На неговата објава се надоврза позната пејачка и хуманиста Ребека Јанковска Ристеки.

„Солзи многу протекоа. Живот меѓу ѕидови, во неизвесност и страв. Упа беше човек со големо срце. Ми се јави пред неколку години за да ме вклучи во еден преубав негов проект, да пеам во Охрид. Со големо жалење му соопштив дека нема да можам, освен ако најде некој што ќе ми ги чува децата еден месец и некој што ќе биде со најголемиот батко. Потоа посака да рецитира стихови од Блаже на Балот на различности и рецитираше, а потоа се гушнавме позади сцена и плачевме. Царство небесно драг наш Упа“, искоментира таа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почина сестра ѝ, остана без дом и едвај се спаси: Животот на секс-симболот од Југославија

Сите животни удари хрватската актерка ги пренесе во монодрама Хрватската актерка Миа Беговиќ (57) има богата и успешна актерска кариера, но и исклучително тежок живот позади камерите. Глумеше во многу театарски претстави, филмови и серии, а најпозната е по улогите во ТВ-проектите „Гордоста на Раткаеви“ и „Вила Марија“. Уште додека […]