Почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски-Упа, јавија повеќе македонски медиуми. Освен со актерство, се занимаваше и со театарска режија, филмска и ТВ продукција и пишување сценарија.
Глумел на осум јазици во над 30 филмови и ТВ серии. Во неговата биографија ќе останат запишани петнаесетина театарски режии, како и десетици улоги во проекти и театарски куќи низ цела поранешна Југославија.
Тодоровски починал од компликации на Ковид-19.