fbpx

(ФОТО) Силуваната Милена Радуловиќ со силна порака до сите жени

Актерката Милена Радуловиќ која го обвини Мирослав Мика Алексиќ за силување и за сексуално вознемирување, на социјалните мрежи објави силна порака.

Таа се обрати зборувајќи во нејзино, но и во име на нејзината колешка Ива Илинчиќ која исто така тврди дека била жртва на реномираниот професор по глума.

– Мојата сестра, мојот соборец Ива Илинчиќ, а не’ има повеќе. Важно е дека сме едно, семејство! Љубовта раѓа херои – напиша Милена на нејзиниот профил на „Инстаграм“ објавувајќи моќна фотографија.

Милена и Ива се познаваат од порано, откако Илинчиќ сподели фотографија со својата колешка и откри дека другарувале уште во студентските денови.

Алексиќ кој се наоѓа во притвор конечно му се доверил на својот правен застапник. Неговиот адвокат Зоран Јаковљевиќ им откри на медиумите детали од разговорот со својот клиент.

Во меѓувреме расте бројот на девојки и жени кои тврдат дека биле негови жртви. Се појавија и нови грозни сведоштва на негови поранешни ученички.

Професорот по глума наводно ги снимал девојките додека сексуално ги злоставувал во неговата канцеларија. Така ги уверувал дека „вежбаат кадар“ за еротски сцени и им нагласувал дека без нив не би можеле да се пробијат во филмскиот свет. Кога ќе завршел со изживувањето, Алексиќ им велел дека сега се соединети со Бога.

Пред два дена, молкот го прекина и сопругата на Алексиќ, актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности, Билијана Машиќ, на која животот преку ноќ ѝ се претвори во пекол.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Лидија Вукичевиќ со емотивна порака се прости од Мира Фурлан

Социјалните мрежи и понатаму се преплавени со емотивни посвети за прерано починатата актерка Мира Фурлан која почина на 65-годишна возраст по подолго боледување од вирусот Западен Нил. Ѕвездата од југословенската серија „Подобар живот“, актерката Лидија Вукичевиќ, на „Инстаграм“ објави стара фотографија со Фурлан од филмот „Чао инспекторе“ која ги разнежни […]