fbpx

Ме тераше да се соблечам и да го заведам: Уште една актерка се огласи по Милена Радуловиќ

Актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ мотивираа многу млади девојки, особено нивни колешки од целиот регион да ги споделат своите искуства со сексуално злоставување.

Актерката Кармен Ловриќ (34), позната по улогата во сериите „На граници“ и „Ружа вјетрова“, на социјалните мрежи раскажа како и самата била жртва.

– На сет, на разговор за глума со многу постар колега, паѓа договор за кафе. После некое време кафето преминува во вечера, бидејќи „тој работи по цел ден“. Јас се согласувам, му се восхитувам, го почитувам, и во него гледам извор на знаења, искуства, поддршка и совети. Се наоѓаме, разговараме за глума, за театар, за филмови, за анегдоти од снимања.. Една преубава вечер, се’ до моментот кога со неговото „ќе те однесам до дома“ ме носи во неговиот стан, ми го пика јазикот до желудник и ме тера комплетно шокирана јас да му смислувам изговори зошто морам да си одам дома наместо да го ишамарам и опцујам.. Не, јас сум крива, сигурно јас сум таа што сум претерала со мојата желба за нови знаења, што сум му давала погрешни сигнали.. Демек стварно ти си желна за знаење.. Сите ние знаеме дека ти всушност сакаш да имаш се*с со овој неверојатен примерок на машкиот род, колега, актер, постар од тебе само 30-тина години.. Чекај, којзнае.. може ќе ти подаде и некоја банкнота, актерка си, сите знаат дека тоа не е далеку од курва – напиша таа.

Следни Објави

Јаболка и вино: Диетата на Адел по која жените полудеа

Во моментов е најекспонираната пејачка во светски рамки, а веќе подолго време во медиумите е актуелна и со нејзиниот режим на исхрана. Адел успеа буквално да се преполови и тоа со, според многумина, едноставна диета која лесно се применува. Во првите три дена исхраната е ограничена на 1.000 калории, а […]