Легендарниот американски новинар и ТВ-водител Лери Кинг почина на 87-годишна возраст во Лос Анџелес.
Информацијата за неговата смрт е потврдена и на официјалниот твитер-профил на продуцентската куќа „Ора медија“.
Кинг кој стана препознатлив по интервјуата на „Си Ен Ен“, на почетокот на јануари беше хоспитализиран откако доби позитивен тест на коронавирусот.
Тој спаѓаше во ризична група пациенти со низа претходни здравствени проблеми, вклучувајќи срцев удар, рак на простата и дијабет.