Марина Туцаковиќ, дамата која ги напиша стиховите на најголемите музички хитови во регионот, повторно проговори за нејзината борба со ракот на дојка кој ѝ беше дијагностициран во февруари 2018 година.
Признава дека здравствената состојба ѝ е влошена, а тоа се гледа и по последната фотографија со неа која на социјалните мрежи ја објави нејзиниот син.
Туцаковиќ стравува за својот живот, но вели дека не се предава.
– Многу ми е лошо, постојано лежам. Се плашам.. Тоа е нормално чувство. Мојата борба трае со години, не може да заврши преку ноќ. Постојано ми ја менуваат терапијата, мојот организам можеби повеќе не е доволно силен за сето тоа да го издржи. Ама, не се давам – раскажува Туцаковиќ.
Признава дека се’ потешко ги поднесува хемотерапиите. Моментално го завршува шестиот циклус со зрачења.
Марина вели дека ѝ недостасуваат пријателите кои не ги видела со месеци поради пандемијата со коронавирусот.
– Се слушам со пејачите. Многумина од нив ми се јавуваат. Штета што не можам да ги видам. Јас сум дијабетичар на инсулин, па морам да бидам во изолација – открива таа.
И покрај лошата состојба во која се наоѓа, Марина не можела да ги остави цигарите.
– Имам само еден порок. Понекогаш палам. Се’ пробав за да ги оставам, но не оди. Се обидувам да се хранам здраво, пијам сок од аронија и од цвекло – завршува Туцаковиќ.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.