Овие жени никогаш нема да заборават на емоциите и на потребите на својот избраник.
Животот ќе му го претворат во најубава љубовна приказна, ќе ја оплеменат неговата душа и ќе му ги доближат работите за кои порано само сонувале.
Без разлика дали се во врска или во брак, тие се вистински дијаманти кои партнерите со задоволство ќе ги покажуваат, но и љубоморно ќе ги чуват од погледите на другите.
Жените родени во овој знак од вас ќе бараат само да бидете искрени и да умеете да им ја возвратите љубовта.
И да, станува збор за Водолиите!