Новата прва дама на Америка го привлече вниманието на нејзиниот прв официјален самостоен настан
Џил Бајден (69) го одржа својот прв самостоен настан откако стана прва дама на Америка, во болницата Витман Волкер Хелт во Вашингтон.
Сопругата на американскиот претседател Џо Бајден (78) за посетата на оваа здравствена установа одбра рискантна боја на аутфит која може невкусно да ја нагласи силуетата, но за среќа тоа не се случи.
Едноставниот бел фустан со ракави до лакт и лесни набори во долниот дел го надополни со интересен модел чизми од превртена кожа.
Фото: Профимедија