fbpx

Седум месеци ме силуваше секој вторник: Најстрашна исповед за Алексиќ досега

Ме силуваше речиси секој вторник и тоа траеше со месеци. После часовите повраќав, ослабнав, се исушив.. Ниту денес не успеав да ги вратам килограмите и да изгледам нормално.

Ова го вели 20-годишна девојка која тврди дека била сексуално злоставувана од професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ (68).

Таа случајот го пријави во полиција и веќе е сослушана во обвинителството. Се согласи нејзината приказна да ја раскаже и за медиумите, но под еден услов, да остане анонимна.

Животот ѝ стана пекол: Која е сопругата на Мика Алексиќ?

Во таканареченото училиште за актерска игра поминала цели девет години каде, како што вели, константно трпела психичко малтретирање, „гнасни навреди“, а на крајот и серија силувања.

– Почна две недели по мојот 18-ти роденден. Како да чекаше да станам полнолетна, иако имаше и помлади девојки кои ги демнеше. Кога сето тоа почна, повраќав секој ден и ослабнав 11 килограми. Се исушив – раскажува таа.

Алексиќ проговори за силуваните девојки: Неговиот адвокат ги откри сите детали!

Во тој период раскинала и со момчето, бидејќи приметил дека повеќе не е истата девојка. Другарките забележале дека се повлекува во себе. Престанала да се дружи. Во средно останала изолирана иако тоа е време на матура кога се раѓаат најубавите спомени.

– Станува збор за препаметен човек кој го подготвуваше своето совршено злосторство. Кога првпат ме однесе во канцеларија ми зборуваше за самодовербата на жените, за фаталните жени. Постојано ме гледаше во очи. Знаеше дека самодовербата ми е нула и дека го гледам со воодушевување. После секој акт, јас се туширав по дететпати. Знаев дека не е нормално да ме допира некој на возраст од 66-67 години. Бев згрозена, но сепак не се сомневав дека има било какви намери што не се педагошки и кои не се за мое добро. Станува збор за тој болен страв дека ти не смееш да го разочараш. Се враќав на часовите плашејќи се да не помисли дека не сум дошла поради тоа – се присетува таа.

Грозни сведоштва за Алексиќ: Ги снимал жртвите, им велел дека вежбаат еротски сцени

Оваа девојка вели дека и денес го чувствува мирисот на Алексиќ и често ѝ се случува да го препознае на улица, иако го нема видено последните две години.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почина ѕвезда од 90-тите: Пронајдена е мртва пред нејзиниот дом

Натела Ас, пејачка на руската група „Восток“ која уживаше огромна популарносто во 90-тите години, почина во Москва. Како што пренесуваат тамошните медиуми, телото на 48-годишната поранешна ѕвезда е пронајдено во близина на нејзинот дом. Го пронашол случаен минувач кој веднаш пријавил во полиција. Засега е само познато дека Натела со […]