Ненадејната смрт на актерката Риалда Кадриќ (57) ги вознемири обожавателите на култниот серијал „Жикина династија“ во целиот регион.
Кадриќ освои многу срца како кај помладата, така и кај повозрасната публика уште во првиот филм од 1978 година, кога на свои 15 години ѝ беше доверен ликот на Марија, големата љубов на Бобо во „Луди години“.
Токму нејзиниот партнер со кого важеа за една од најубавите двојки во поранешната држава даде кратка изјава за медиумите.
– Не знам што да ви кажам. Во шок сум, еве ни самиот не верувам дека ова се случило – вели актерот Владимир Петровиќ.