Јелена Карлеуша повторно се огласи и ѝ даде поддршка на актерката Милена Радуловиќ која го пријави професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ за сексуално злоставување.
Таа вели дека речиси секоја жена на планетава преживеала некој вид на сексистичко малтретирање, па и таа самата.
– Мислам дека не постои жена во светот која на еден или на друг начин не доживеала таков вид на малтретирање или барем во некој помал облик. Едноставно, такви се правилата на игра. Го доживеав тоа милион пати, знам како е и затоа можам да им порачам на актерките и на сите девојки кои се охрабрија конечно да проговорат дека сум горда на нив и на нивната храброст – вели Карлеуша.