fbpx

Го затега лицето, го топи салото: Диетата на Џенифер по која светот полуде

И кралицата Летиција ги доведе линијата и тенот до совршенство благодарение на овој начин на исхрана

Стареењето не се само годините – тоа со себе си носи и промени кои жените не ги сакаат, а меѓу кои во преден план е забавениот метаболизам поради кој килограмите се собираат, како и брчките на лицето. За, среќа, постои решение и за едното и за другото. Во прашање е фејслифт диетата која ги топи килограмите, но истовремено и ја затегнува кожата, а е позната под името „Периконе“.

Првите резултати се видливи веќе по три дена, а овој начин на исхрана постојано го практикува актерката Џенифер Анистон (51), но и шпанската кралица Летиција (47).

Диетата е дело на дерматологот и нутриционист Николас Периконе кој верува дека причината за прераното стареење се слободните радикали со кои нашето тело е преполно. Главната цел на овој режим била да се симне бројот на брчки и да се поправи комплетниот изглед на кожата, косата, ноктите, а витката линија се покажала како неверојатен бонус!

Диетата се базира на следните намирници:

  • Лосос

Оваа риба е пребогата со протеини кои ги опоравуваат ќелиите во организмот и омега-3 масните киселини кои ја хранат кожата и ја прават блескава и свежа. Лососот содржи и антиоксиданси и органското соединение диметилетаноламин кои го чуваат тонусот на мускулите, вклучувајќи ги и мускулите на лицето и на тој начин го спречуваат создавањето на брчките.

  • Темнозелен зеленчук

Исто како и лососот содржи моќни антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали и го спречуваат стареењето.

  • Овошје

Малините, боровницата и јагодите, но и дињите, јаболката и крушите се препорачуваат за десерт во текот на оваа фејслифт диета. Содржат многу антиоксиданси и јаглехидрати кои ќе ве заштитат, но не предизвикуваат драстично покачување на гликозата во крвта.

За оваа диета е многу важно да внимавате на редоследот на храната која ја внесувате – прво се протеините, па потоа јаглехидратите.

Како се реализира оваа диета?

Постојат две опции, тридневна и онаа која трае дури 28 дена. Д-р Периконе тврди дека и тридневниот режим дава неверојатни резултати, особено ако најмалку двапати јадете лосос во тие три дена. Исто така, тридневната диета е одличен начин да го подготвите вашето тело за 28-дневен режим, како и да процените дали можете да ја применувате подолго.

ТРИДНЕВНО МЕНИ (секој ден се јаде исто)

Појадок

Кајгана од три јајца и едно варено јајце и/или 110 грама лосос, пола шолја овесна каша, една шака зрнасто овошје и пола чаша вода.

Ручек

100-150 грама лосос или туна, салата од темнозелен зеленчук, маслиново масло и лимонов сок, едно киви или една круша, пола шолја зрнасто овошје, пола чаша вода.

Вечера

100-150 грама лосос, салата од темнозелен зеленчук, маслиново масло и лимонов сок, 100 грама зеленчуг готвен на пареа (брокула, спанаќ), пола шолја зрнесто овошје или едно парче диња, пола чаша вода.

Ако ви се пријаде пред спиење, дозволено е да изедете едно јаболка, 50 грама мисиркино месо, 150 милилитри јогурт или шака тврдо овошје (лешници, ореви, бадеми). Нешто од ова може да одберете и за ужина, а дозволени се максимално две.

28-ДНЕВНО МЕНИ

Принципот е ист – три главни оброка и две ужини, но листата со намирници е доста поисцрпна. Така да дозволено ви е да консумирате и морски плодови, пилешки гради, секаков зеленчук, освен компир, морков, цвекло, грашок и пченица. И од овошје можете сѐ, освен банана, портокал, грејпфрут, лубеница, манго и папаја кои предизвикуваат флуктуација во нивото на шеќерот во крвта. Смеете да јадете и грав, маслинки, немасни млечни производи и да пиете зелен чај и минерална вода.

На листата со забранети намирници се алкохол, кафе, газирани сокови, овошни сокови, смрзната храна, брза храна, леб, слатки и сосови.

За најдобри резултати, д-р Периконе препорачува „комбиниран пристап“, однсоно со оваа диета да пиете што е можно повеќе вода (8-10 чаши) и да почнете да вежбате барем четири пати неделно во траење од 30-45 минути. Се препорачуваат активности како прошетка, трчање, вежби за истегнување и кардио тренинг.

Предноста на фејслифт диетата е здравото слабеење, а нејзина мана е тоа што е малку поскапа и не може секој да си ја дозволи.

Следни Објави

(ФОТО) Никогаш немала пократка коса: Брена ги изненади сите

Лепа Брена (60) ја промени фризурата и веднаш се пофали на својот профил на „Инстаграм“. „Добра фризура секогаш ја прави жената посреќна“, напиша фолк-ѕвездата која сега има пократка коса со локни. Брена секојдневно мами воздишки со нејзиниот изглед, а неодамна откри дека денот ѝ почнува со јога, а речиси секој […]