fbpx

(ФОТО) Е, сега те гледам сестро: Братот на Атиџе конечно опериран

Во последно време медиумите пишуваат за искреното пријателство меѓу Сузана Турунџиева и Атиџе Муратовска.

Популарната пејачка и водителка несебично ѝ помага на хероината од македонскиот оскаровски документарец „Медена земја“, а со последниот гест навистина ги разнежни оние што ја следат на социјалните мрежи.

Турунџиева ѝ исполни уште една голема желба на Атиџе – толку посакуваниот оперативен зафат за нејзиниот брат.

– Те гледам Атиџе, ее сега те гледам, беа зборовите на Феим – братот на Атиџе после операцијата која денеска му ја направи д-р Наум Трпеноски, при која повторно му го вклучи светлото и му го врати видот кој целосно му беше онеспособен.. Огромна благодарност до д-р Трпеноски и целиот тим на Промедика Офталмологија затоа што им го враќате видот и можноста на луѓето да живеат нормално и спокојно – напиша Сузе под фотографијата која за неколку часа собра илијадници лајкови на „Фејсбук“.

Следни Објави

Го затега лицето, го топи салото: Диетата на Џенифер по која светот полуде

И кралицата Летиција ги доведе линијата и тенот до совршенство благодарение на овој начин на исхрана Стареењето не се само годините – тоа со себе си носи и промени кои жените не ги сакаат, а меѓу кои во преден план е забавениот метаболизам поради кој килограмите се собираат, како и […]