Натела Ас, пејачка на руската група „Восток“ која уживаше огромна популарносто во 90-тите години, почина во Москва.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, телото на 48-годишната поранешна ѕвезда е пронајдено во близина на нејзинот дом. Го пронашол случаен минувач кој веднаш пријавил во полиција.
Засега е само познато дека Натела со себе имала чанта со документи, клучеви и паметен телефон.
Нема траги на насилство. Истрагата е во тек.