fbpx

Пребрзо нè снемува: Снеже Велков емотивна и искрена

Пребрзо нè снемува, се ретчиме пречесто…

Пречести се црнобелите фотографии и зборовите слава му. Пребројни се сочувствата а преболни желбите: „Барем само уште еднаш!“

Затоа:

Не попосле!

не покасно!

Не утре,

Не за кратко,

Не по еден час

СЕГА ВЕДНАШ!

Покажи, јави се, докажи, проголтај прозбори, ислушај, помоли, прости..

Гушни, кажи пофали, напиши, спомни, речи!

И ако е близок, и ако е подалечен, и ако е познаник!

Кажи да те чуе, да те види, да те гушне, да пушти солза, да се насмее на цел глас, да ти каже едно фала или Ај не зае*авај!

ДОДЕКА МОЖЕ, ДОДЕКА Е ТУКА!

Оти сите нешта после речени, сите пофалби за на небо искажани и сите прегратки во вечност испратени – немаат ни приближно иста вредност.

Еден ден сите зборови ќе бидат убаво напишани, сите стихови ќе расплачат срце, секоја реченица ќе пара душа. Но ништо од ова нема да има смисла

Затоа што ТОЈ што треба да слушне, не е тука.

Пребрзо нè снемува, се ретчиме пречесто!

Фејсбук-статус на Снеже Велков

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

(ФОТО) Е, сега те гледам сестро: Братот на Атиџе конечно опериран

Во последно време медиумите пишуваат за искреното пријателство меѓу Сузана Турунџиева и Атиџе Муратовска. Популарната пејачка и водителка несебично ѝ помага на хероината од македонскиот оскаровски документарец „Медена земја“, а со последниот гест навистина ги разнежни оние што ја следат на социјалните мрежи. Турунџиева ѝ исполни уште една голема желба […]