Голема прашина се крена за холивудската актерка Деми Мур (58) откако прошета на ревијата на луксузниот бренд Фенди.
Фановите се убедени дека ѕвездата од филмот „Дух“ се одлучила за уште една естетска корекција и не се воодушевени од оваа промена.
Многумина се согласија дека овојпат претерала и дека изгледа непрепознатливо.
„На лекарот кој бил задолжен за оваа корекција треба доживотно да му се одземе дозволата за работа“ и „дали е ова најлошата пластична операција“ се само дел од коментарите.
Иако во многу мал број, имаше и такви фанови кои застанаа во одбрана на актерката посочувајќи дека само станува збор за поинаков мејкап.