Лепа Брена (60) ја промени фризурата и веднаш се пофали на својот профил на „Инстаграм“.
„Добра фризура секогаш ја прави жената посреќна“, напиша фолк-ѕвездата која сега има пократка коса со локни.
Брена секојдневно мами воздишки со нејзиниот изглед, а неодамна откри дека денот ѝ почнува со јога, а речиси секој ден на менито има свежа риба и квалитетно вино.
– Неодамна од исхраната ги исфрлив сите млечни производи – призна пејачката.