Одбраната на Мирослав Мика Алексиќ (68) кој е осомничен за осум силувања и шест сексуални вознемирувања, најверојатно ќе се држи до тврдењата дека професорот по глума е импотентен, дознава српски „Информер“.
Како што неофицијално се дознава, неколку девојки во исказите имаат наведено дека Алексиќ во текот на наводните брутални сексуални методи имал проблем со одржувањето ерекција и дека во ниту еден од случаите не успеал да ејакулира.
Адвокатот Зоран Јаковљевиќ денеска се обидел да го искористи тој факт наведувајќи дека одбраната на Алексиќ ќе се базира на информацијата дека пред неколку години му е отстранета простатата и дека поради тоа тој не би можел да изврши силување.
Седум месеци ме силуваше секој вторник: Најстрашна исповед за Алексиќ досега
Сепак, правните експерти истакнуваат дека тоа нема да му биде од голема помош бидејќи Кривичниот законик на Република Србија веќе има предвидено вакви случаи, па силувањето се дефинира поинаку од перцепцијата во секојдневниот говор.
Како што наведува адвокатот Светозар Вујачиќ, Кривичниот закон го дефинира силувањето како „обљуба или со неа изедначен чин со употреба на сила или закана“. Тоа во пракса значи дека не е неопходно да дојде до полов однос за некој да биде обвинет за силување.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.