fbpx

Му бевме сексуални робинки: Ново потресно сведоштво за Мика Алексиќ

Уште неколку девојки одлучија да проговорат за своето искуство во училиштето на самопрогласениот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ. Тие го објаснија механизмот со кој преку психофизичко малтретирање на тинејџерките правел од нив сексуални робинки.

За „Блиц“ раскажуваат дека во неговото училиште оделе од најрано детство, дека им ги перел мозоците и ги обликувал по негова мерка.

– Кога сте мали, тоа не го разбирате. Важен ви е тој авторитет, бидејќи сакате да станете актерка, а Мика може во тоа да ви помогне. Не ни забележувате кога го губите сопствениот интегритет, сопственото мислење.. Самодовербата, дури и да сте ја имале, веднаш ви ја уништува. Потоа му беше лесно, можеше да направи се’ што ќе посака – вели една од девојките кои одлучија анонимно да сведочат.

Шокантен пресврт во случајот со силувања: Се огласи Мика Алексиќ

На прашањето кое се’ повеќе луѓе го поставуваат овие денови, а тоа е зошто порано не пријавиле дека биле сексуално злоставувани, друга девојка појаснува дека не е едноставно да се охрабрите јавно да проговорите за некаков пекол низ којшто сте поминале.

– Ми беше срам, наместо нему да му биде. Мислев дека јас сум виновна. Кога заклучив дека не е воопшто педагошки тоа што го прави и понатаму се обвинував себеси. Но, не повеќе – категорична е таа.

Во меѓувреме речиси сите медиуми ја пренесоа информацијата дека одбраната на Алексиќ кој е осомничен за осум силувања и шест сексуални вознемирувања, најверојатно ќе се држи до тврдењата дека професорот по глума е импотентен.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Умре осамена и тажна: Последните денови на Селма

Селма Бориќ, жената која беше инспирација за еден од најголемите хитови на „Бијело дугме“, почина на 92 години во Загреб. Нејзината смрт ја потврди и поранешниот пејач на бендот, Жељко Бебек, кој на социјалните мрежи сподели фотографија од прославата на нејзиниот 90-ти роденден. Селма почина осамена и тажна, пишуваат регионалните […]