Водителката на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска, стана мајка. Со сопругот Александар го добија првото дете, ќерката Сара.
Радосната вест ја сподели на нејзиниот профил на „Инстаграм“.
– Соништата навистина се остваруваат. Официјално е! Сара пристигна на 23.01.2021 – напиша Александра под фотографијата со подароци и балони.