Бројни познати личности секојдневно се огласуваат во медиумите и откриваат нови моменти од животот на Мирослав Мика Алексиќ кој е обвинет за силување и за сексуално злоставување.
Ништо помалку не е загрижена и Светлана Цеца Ражњатовиќ чии деца Вељко и Анастасија ги посетувале часовите на озогласениот професор по глума.
Алексиќ бил близок пријател на Аркан, а важел и за негов личен режисер кој ги снимал воените походи во Хрватска.
– Присуствував на пет часа кај Мика и потоа напуштив. Веднаш сфатив дека тоа не е за мене. Доколку тврдењата на овие девојки се докажат на суд, државата треба да му изрече најстрога казна. За такви луѓе, за силувачи нема милост. За такви педофили само смртна казна – изјави Вељко Ражњатовиќ.
Поддршка на актерката Милена Радуловиќ ѝ даде и неговата сестра, познатата пејачка Анастасија Ражњатовиќ, која како дете исто така ги посетувала часовите на Алексиќ.
Интересен момент е што заинтересирани за актерска игра биле и синовите на Аркан од претходниот брак, а Војин Ражњатовиќ неодамна раскажа колку Алексиќ бил брутален кога станува збор за педагошките методи, дека секојдневно ги навредувал децата и дека повеќе се плашел од него отколку од татка си.