fbpx

Судбинско спојување: Тие ја имаат најубавата љубовна приказна

Некои љубовни приказни се баш онакви какви што ги гледаме на филмското платно.

За оваа двојка судбината имала неочекуван план. Тој ѝ го спасил животот и станал нејзин херој.

Шантел уживала со пријателките во локалното кафуле кога ѝ пријдел Остин. Било тоа на првиот ден од музичкиот фестивал во Лас Вегас. Таа му се насмевнала, размениле неколку зборови и продолжила да игра со своето друштво, без воопшто да помисли дека истото тоа момче 24 часа покасно ќе ѝ го спаси животот.

Остин ѝ се додворувал, а таа била љубезна, но и воздржана. По некое време и двајцата се препуштиле на емоциите, откако сфатиле дека и тоа како постои хемија.

– Чувствував како да се знаеме отсекогаш. Разменивме телефонски броеви и се договоривме да се најдеме следната вечер – раскажа Шантел.

На другиот фестивалски ден, сите заедно уживале на концертот во непосредна близина на бината, кога околу 22 часот непознато момче почнало да пука кон толпата од својот апартман на 32-от кат од хотелот.

– На почеткот мислевме дека е огномет, ако се земе в предвид дека често на вакви настани има некаква пиротехничка забава. Кога сфативме дека се работи за нешто друго, сите се фрливме на земја. Некое време останавме да лежиме, ама пукањето не престануваше. Решивме да побегнеме од тоа место. Сите трчаа во различни насоки и само Остин остана да ме придружува. Заминавме во болница и таму останавме цела ноќ. Тој ниту тогаш не ме остави сама, цела вечер ме гушкаше и ме смируваше – откри таа.

Утредента секој си заминал дома. Шантел во Канада, а Остин во Калифорнија. Ниту големата оддалеченост не била пречка да се откажат од нивната љубов. Секој ден телефонски разговарале, а Шантел признава дека многу ѝ помогнал да заборави на шокантните моменти кои уште долго ѝ се вртеле во глава.

– Беше единствената личност со која можев да разговарам за тој немил настан, се чувствував сигурно и убаво со него. Шест недели подоцна дури и дојде во Канада само за да ме види – објасни Шантел.

Другото е историја. Од таа средба љубовта им е сѐ посилна. Остин ја запросил на лани на осми март, 18 месеци по почетокот на нивнта врска. Неодамна и се венчаа.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Наместо 10, ќе починат 20: Д-р Кунгуловски за британскиот сој на коронавирус

Последни информации за британскиот сој 1. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно ако требало да се заразат 1000 луѓе, ќе се заразат 1500-1700. Значајно. 2. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% […]