Во тешка сообраќајна несреќа трагично го загуби животот младиот српски фудбалер Филип Радуловиќ (19).
По трагедијата се огласи и неговиот матичен клуб Слога од Пландиште.
„Последниот натпревар во нашиот дрес го одигра вчера против екипата на Будуќност. Изразуваме најискрено сочуство до семејството, пријателите и сите кои го познаваат нашиот Фичо. Нека му е вечна слава“, порачаа од клубот.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.