Велешанката Моника Јовановска шест месеци живее во неизвесност и страв. Силувана, претепана и со тешки трауми.
Оваа млада девојка за ТВ 24 раскажа и со документи го поткрепи случајот во кој вели дека била брутално тепана со тупаници, клоци, силувана, па повторно тепана од 32-годишниот велешанец со кој претходно била во врска.
Настанот се случил ноќта на 2 август на автопатот Скопје-Велес, на враќање од кафе ресторант каде биле да разговараат, а Моника одбила да ја продолжи врската со него.
Веќе половина година случајот е згалавен во обвинителството. Од таму велат дека се’ уште се прибираат материјалните и вербални докази по чие разгледување и анализа ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката.
Во меѓувреме осомничениот слободно се шета низ улиците на Велес, а тоа најмногу ја плаши Јовановска. Таа апелира ваквите случаи да не станат маратонски, зошто на тој начин се охрабруваат насилниците.