fbpx

Тешко забремени поради болеста, со сопругот рушат табуа: Која е Нора Шаќири?

Ќерка на лустриран новинар, сестра на докажан музичар.. Дама со интересна биографија

Поранешната водителка и новинарка Нора Шаќири повторно се најде во фокусот на јавноста кога беше именувана за в.д. директор на Театар Комедија.

Нора најголемата популарност ја стекна со ток-шоуа, а пред да се вработи во Министерството за култура нејзин последен ТВ-проект беше контактната емисија „Овде и сега“.

Како модел се има појавено во неколку музички спотови на нејзиниот брат Бени Шаќири, основач и пејач на групата „Нон стоп“.

Нора е ќерка на долгогодишниот новинар и уредник на МРТ, сега веќе покојниот Хисен Шаќири, кој беше лустриран од претходната владејачка гарнитура.

Во неколку наврати беше на удар во јавноста. Прво ѝ забележија за наводното неоправдано вработување во Владата, но имаше и такви кои ја критикуваа и поради нејзиниот личен избор кога одлучи дека животот сака да го помине со човек од друга националност и вера.

– Многумина мислеа дека со невкусни коментари можат да ни ја згазат љубовта и врската со Марко. Но, се случи токму она што мене ми е девиза во животот: Она што не може да те скрши ќе те направи посилен! Јас и Марко победивме и покажавме што значи вистинска љубов, почит еден кон друг, почит кон семејството и кон пријателите – изјави таа во едно интервју.

Нора и Марко го имаат синот Ијан. Претходно, Шаќири призна дека тешко забременила поради сериозни проблеми со тироидната жлезда.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

 

Следни Објави

Убавица: Порасна ќерката на Димитров

Јана Димитрова, најстарата ќерка на актуелниот македонски вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, студира на Универзитетот во Утрехт и е вистинска убавица. Јана првпат се најде во фокусот на медиумите во септември 2018 година кога беше објавена веста дека добила стипендија од 40.000 долари за додипломски студии во Холандија. Во […]