Македонскиот актер Васил Зафирчев се пофали на социјалните мрежи дека си ги измазнил брчките.
Популарниот Марио од хит-серијата „Преспав“ веќе подолго време е заштитно лице на позната ординација по естетска медицина и естетска дерматологија и козметологија, а сега одлучи да оди чекор понапред.
– Како актер, моите гестикулации и изрази на лицето се многу важни, бидејќи ја доловуваат суштината на ликот кој го толкувам. Но, притоа важно ми е да ја негувам кожата и колку што е можно да ги спречам знаците на стареење. Ботоксот е најдобра опција за измазнување на брчките на горната половина од лицето. Ви овозможува да ја задржите природноста на мимиките, без притоа да ви се создаваат длабоки линии – појасни Зафирчев кој на крајот од месецов ќе наполни 41 година.