fbpx

Мамо, ме боли срцето, дај ми да дишам: Борбата за живот на Петар и Ема

Две мајки одлучија јавно да раскажат низ каква голгота поминале кога децата им се заразиле со Ковид-19, а состојбата нагло им се влошила и се соочиле со сериозни компликации

Тена Босек открива дека нејзината ќерка Ема се борела со висока температура и отежнато дишење.

Секоја наредна минута беше пострашно. Имаше температура 40.2 и во еден момент ме праша дали ќе преживее. Не знаев што да правам, почнав да се тресам – раскажува таа за емисијата „Проверено“.

Мајката објаснува дека до тогаш Ема била здраво дете. Никогаш не боледувала, освен оние детски вируси што ги прележала. Немала ниту грип и никогаш претходно не пиела антибиотици. Дури и кога пред еден и пол месец сите во семејството биле позитивни, мислеле дека Ема како и повеќето деца очигледно е имуна на корона.

Но, температурата никако не се симнувала ниту со препишаните лекарства. Докторот ги пратил на тестирање, за секој случај.

Додека ги чекавме резултатите, почна да се чувствува уште полошо. И се фати вратот, не можеше да се сврти, од сериозните болки не можеше ниту да спие. Тестот беше негативен, но Ема не се опоравуваше. Се интензивираа болките во стомакот, беше малаксана, моето дете имаше силна главоболка и не можеше да стане од кревет – се присетува мајката.

Лекарите се посомневале дека се работи за стрептокока, им дале антибиотици и ги пратиле дома, но состојбата на Ема била се’ полоша. По неколку часа почнала да се нафрла по целото тело. Ема конечно била хоспитализирана.

Тена сведочи дека сцените од болничката соба кадешто била сместена нејзината ќерка ќе ги памети цел живот.

Кога влегов внатре, таа спиеше, но очите ѝ беа отворени. Беше приклучена на некои апарати. Таа слика нема никогаш да ја заборавам – вели таа.

Истиот кошмар го доживеала и Јасминка Калќиќ, мајката на Петар.

Се разбудув во глуво доба, кога го слушнав тој звук на брзо дишење кое продолжи и во наредните денови. Веднаш приметив дека има температура и дека нешто не е во ред со мојот син. Наеднаш му се качи на 40 степени. Почна да повраќа – раскажува Јасминка.

Веднаш помислила на Ковид. Класната на Петар била позитивна, ама пред месец и половина. Никој во одделението немал симптоми, па ни тој. Го тестирале и бил негативен, но симптомите не исчезнувале – црвенило на лицето, на грбот и на стомакот. Стапалата му биле црвени исто така, се присетува мајката.

Лекарите ја убедувале дека се’ ќе биде во ред со нејзиното чедо и му дале антибиотик.

Во петокот наутро околу 10 часот ме праша: „Мамо, што се наоѓа овде?“ Му одговорив дека таму е срцето. Ми рече: „Мамо, ме боли срцето. Те молам, дај ми да дишам“ – низ солзи раскажува.

Повеќе немала дилема дека треба да го примат во болница. Го хоспитализирале со исклучително низок притисок. Не им се верувало дека детето е живо. Некои лекари во Риека ѝ рекле дека првпат се соочуваат со ваков случај и дека не знаат за што се работи.

Конечно дијагнозата била поставена. Од совршено здраво дете до борба за живот. Тоа можело да биде предизвикано од MIS-C или повеќесистемски воспалителен синдром кој најчесто се јавува кај деца кои немаат никакви симптоми на Ковид, а биле во контакт со лице болно или позитивно на коронавирус.

Болките може да бидат до толку неподносливи, што детето може да заврши во операциона сала. Овој синдром се јавува кај деца на претшколска и школска возраст. Обично почнува нагло, со многу висока температура. Комплексен е и не е доволно познат – појаснува лекарот на Петар.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Загубивме драг пријател: Почина Ристе Недановски

На 62 години, по кратко и тешко боледување, почина новинарот Ристе Недановски, соопшти Лекарската комора каде тој беше вработен. – Во својот професионален ангажман се истакнува како исклучителен познавач на здравствениот систем во Република Северна Македонија. Автор е и учесник во подготовка на повеќе релевантни меѓународни анализи за состојбите и реформите […]