fbpx

Неверување и шок: Победникот на „Никогаш не е доцна“ пронајден мртов

Победникот во првата сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ е пронајден мртов во неговиот стан во Германија.

Станоје Станковиќ, многу попознат како Кале Дијамант, имаше само 54 години, а според првичните сознанија починал од срцев удар.

Последните денови од животот ги поминал во Дизелдорф и не покажувал знаци дека му е влошена здравствената состојба. Сепак, последните два дена не се јавувал на телефон, па неговото семејство алармирало во полицијата.

– Почина нашиот крал за народна музика. Засекогаш остануваш во нашите срца, за нас се’ уште си жив. Најдобар татко, најдобар дедо и најголема наша ѕвездо, почивај во мир. Те сакаат твојата ќерка, сопругата и внуците – стои во официјалната објава на семејството Станковиќ.

Во тек е обдукцијата, а датумот за погреб дополнително ќе биде соопштен.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Три хороскопски знаци осудени на пропаст

Нивната вечна борба на сите животни полиња не им дава шанса речиси никогаш да земаат здив. Според астрологијата, среќата ретко е на нивна страна Стрелец Најчесто немаат капацитет да ги проценат вистинските добри прилики во животот. Во добар дел, за ова е заслужна нивната флегматичност. Оние припадници на овој хороскопски […]