fbpx

Загубивме драг пријател: Почина Ристе Недановски

На 62 години, по кратко и тешко боледување, почина новинарот Ристе Недановски, соопшти Лекарската комора каде тој беше вработен.

– Во својот професионален ангажман се истакнува како исклучителен познавач на здравствениот систем во Република Северна Македонија. Автор е и учесник во подготовка на повеќе релевантни меѓународни анализи за состојбите и реформите во здравството. Сите ние загубивме драг пријател и извонреден колега. Нека почива во мир – стои во соопштението.

Во 1980 година Недановски запишал Факултет за интердисциплинарни стурии по новинарство при Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје. Во својот животен век, од 1991 година работи како новинар за здравство во редакцијата „Вечер” – НИП „Нова Македонија“. Во 1997 година преминува во редакцијата „Дневник“, во 1999 станува заменик-уредник на економската рубрика и новинар за здравство во редакцијата „Утрински весник“.

Од 2004 година е уредник и новинар за здравство во редакцијата „Вечер“. Од активното новинарство се повлекува во 2006 година кога работи како PR менаџер во „Публицист“ – Скопје, од 2009 година е извршен директор и ПР менаџер во „Концепт маркетинг“, а од 2011 година е уредник на гласилото на Лекарската комора на Република Северна Македонија, „Vox Medici“.

Долги години подготвуваше и уредуваше текстови, посебни тематски публикации и инфо-гласила на различни асоцијации, здруженија, организации и компании (Стоматолошка комора на Македонија, „Порака“, Сојуз на помош за лица со ментален хендикеп и други. 

Следни Објави

Ботоксот е најдобра опција: Зафирчев си ги измазни брчките

Македонскиот актер Васил Зафирчев се пофали на социјалните мрежи дека си ги измазнил брчките. Популарниот Марио од хит-серијата „Преспав“ веќе подолго време е заштитно лице на позната ординација по естетска медицина и естетска дерматологија и козметологија, а сега одлучи да оди чекор понапред. – Како актер, моите гестикулации и изрази […]