fbpx

Имав два абортуса: Миа проговори за бракот и за болното минато

Македонската инфлуенсерка си ја отвори душата

„Многу бев млада ама и покрај тоа ми се рушеше светот. Денес не се ни сеќавам на тоа откако го имам Андрија жив и здрав, ама памтам дека барав одговори кои тешко ги добивав.

Бев убедена дека ќе се помачам да станам мајка. Испадна дека воопшто не е така. После пет години следуваше бременост како по книга со бебе од скоро 4 ипол кила“.

Вака за порталот „Рингераја“ ја почнува својата исповед познатата водителка и инфлуенсерка Миа Костова која неодамна призна дека имала два спонтани абортуси.

Костова храбро и без заддршка раскажува со какви сѐ стравови се соочувала во својата бременост.

– Паметам само дека во првите три месеци на 10 минути одев во тоалет да видам дали сум прокрварела. Тоа никогаш не се случи, фала Богу. Бременоста ми се водеше како нормална, дури ми ги прекинаа суплементите зошто качував килажа. Совршена бременост на улица би рекла – објаснува Миа.

Двата спонтани абортуси ѝ се случиле во рок од една ипол година кога имал 21 или 22 години, период во кој кратко беше во брак.

Минатата година, во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Миа проговори и за бисексуалноста.

– Да, љубев жена, тоа е вистината. Претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба да љубам некој што е маж или жена, туку според тоа дали е човек – појасни таа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Место свадба, му организирав погреб: Мајката на Драган со потресно сведоштво

Најблиските роднини, но и голем број пријатели денеска присуствуваа на погребот на 15-годишниот Драган Дрљиќ од Панчево. Момчето кое, како што пренесоа српските медиуми, си го одзеде животот поради невозвратена љубов, ја вознемири јавноста во целиот регион. Пред неколку дена полицијата конечно го пронајде неговото безживотно тело во реката Тамиш. […]