fbpx

Кристофер Пламер половина век љубеше само една: Животот на најголемиот холивудски џентлмен

Канадскиот актер Кристофер Пламер почина на 91 година во семејниот дом во Конектикат.

Верувале или не, никогаш во неговата седумдесет години плодна кариера не одигра ниту една главна улога на филм. Најстариот добитник на Оскар, наградата ја доби во 2012 година и тоа за најдобра споредна улога во филмот „Почетници“.

Пламер е роден на 13 декември 1929 година во угледно семејство во Торонто како единствено дете на Изабел и Џон Пламер. Мајка му работела на престижен факултет, а татко му се занимавал со осигурување.

Кристофер пораснал во Квебек и од мали нозе се интересирал за театарската актерска игра.

Кралицата Елизабета во 1968 година го одликувала со, во тоа време, најголемото национално цивилно признание Companion of the Order od Canada.

Три пати се женел. Со актерката Тами Грајмс во 1956 година, со новинарката Патриша Луис во 1962 година и со актерката и танчарка Елејн Тејлор во 1970 година. Има само една ќерка, Аманда Пламер која ја доби во првиот брак и е исто така актерка.

Пламер беше професионално ангажиран се’ до неговата смрт. И покрај староста одбиваше да се пензинира. Ќе останат запаметени и по неговите улоги во филмовите „Сиријана“ со Џорџ Клуни и „Мажите кои мразат жени“ на режисерот Дејвид Финчер.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Имав два абортуса: Миа проговори за бракот и за болното минато

Македонската инфлуенсерка си ја отвори душата „Многу бев млада ама и покрај тоа ми се рушеше светот. Денес не се ни сеќавам на тоа откако го имам Андрија жив и здрав, ама памтам дека барав одговори кои тешко ги добивав. Бев убедена дека ќе се помачам да станам мајка. Испадна […]