fbpx

Место свадба, му организирав погреб: Мајката на Драган со потресно сведоштво

Најблиските роднини, но и голем број пријатели денеска присуствуваа на погребот на 15-годишниот Драган Дрљиќ од Панчево.

Момчето кое, како што пренесоа српските медиуми, си го одзеде животот поради невозвратена љубов, ја вознемири јавноста во целиот регион. Пред неколку дена полицијата конечно го пронајде неговото безживотно тело во реката Тамиш.

„Наместо свадба, му организирам погреб“, им изјави на новинарите низ плач неговата мајка Данијела.

Истрагата потврди дека Драган го испланирал самоубиството до најситните детали.

Неколку дена пред трагичниот настан раскинал со девојката и тоа силно го погодило. На блиските им рекол дека животот повеќе му нема смисол.

За девојката подготвил проштално писмо и подарок (нејзините омилени стрипови). Ги оставил кај негова блиска другарка на која ѝ напоменал да не ги отвора наредниот ден до 16 часот.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Чистење шпорет со еден потег: Со овој трик се бришат сите маснотии!

Секоја домаќинка знае колку непријатно може да биде чистењето на шпоретот, особено кога по готвењето најтврдокорните маснотии никако не може да се отстранат. Една жена во групата Cleaning Tips & Tricks на „Фејсбук“ конечно откри на кој начин успеала да ги „светне“ ринглите. Откако на плочите за готвење останале бели […]