Пронајдено е безживотното тело на бугарскиот алпинист Атанас Скатов (42) кој сакаше да се искачи на К2 во Пакистан, вториот највисок врв во светот по Монт Еверест.
Телото на бугарскиот алпинист е пронајдено од страна на хеликоптерска екипа на пакистанската војска.
Бугарското национално радио објави дека паднал на место надвор од дофатот на спасувачките екипи.
Скатов е искусен алпинист кој досега се имаше искачено на 10 од 14-те најпрестижни врвови во светот.