Нов случај предизвикан од вирусот Ебола ја вознемири светската јавност.
Во источниот дел на Конго, во близина на градот Бутембо, почина жена од ова тешко заболување, информира Танјуг.
Смртта ја потврди и тамошното Министерство за здравство. Станува збор за госпоѓа која била во брак со маж кој бил заразен со вирусот во текот на претходната пандемија.
Ова е прв нов случај на Ебола откако пред три месеци Конго прогласи крај на епидемијата на западот на земјата, кога беа заразени 130 луѓе од кои дури 55 починаа.