Уште една трагедија ја потресе јавноста во регионот. На 40-годишна возраст ненадејно почина Александра Цимеша, државна шампионка во фитнес и бодибилдинг.
Во неколку наврати се натпреваруваше за српската репрезентација на Евроспки и на Балкански шампионати, а најголемиот успех го постигна во 2008 година каде во категоријата „боди фитнес“ на Miss Universe го освои златниот медал.
Александра е родена 1981 година и потекнува од спортско семејство. Нејзиниот татко е поранешен фудбалски судија.
Порано тренирала кошарка, карате и кик-бокс. Работела и како инструкторка за фитнес и аеробик, а кратко и како спортска новинарка.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.