fbpx

Ангелу мој, оди горе и чувај нè: Бранкица неутешна, синчето на осум месеци остана без татко

Навреме побара лекарска помош, но не ја доби, реагира семејството на 32-годишниот скопјанец Милош Бисовски кој почина од коронавирус.

– Милош не само што побара, туку пристојно замолуваше за соодветен третман, а тие вашите господине Венко Филипче наместо да кажат да си го бараме чарето го оставија на домашна нега за подоцна истите тие да кажат дека е доцна хоспитализиран. И точно, не е тој статистика, тој е една изгубена надеж во нашето семејство, ама совеста ви знае за понатаму – напиша на „Фејсбук“ неговата сопруга Бранкица.

Таа ја промени и профилната фотографија. Симболично објави црна ружа и напиша: „Бисенце мој, ангелу мој.. Од таму горе и чувај нè !“.

За истиот случај, претходно се огласи и Наде Костадиновски. Меѓу другото, порача дека Милош не е само статистика. И таа ги обвини здравствените власти за неговата смрт.

– Без претходни коморбидитети, на 24.01.2021 добива позитивен тест на коронавирус, на 26.01. веќе бара лекарска помош. Со крвна слика која и лаик да ја види ќе сфати дека нешто не е во ред, висока температура, дијагностицирана пневмонија и сатурација 93- 2 пати го враќаат дома да пие Трицеф. Милош не побара доцна лекарска помош, ја побара но не ја доби на време. Можеби ако здравствениот систем функционираше како што треба, денес немаше толку срца да бидат скршени и едно осум месечно бебе да остане без татко – напиша Наде.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Каква промена: Џенифер Лопез не сте ја виделе со пократка коса

Латино-ѕвездата Џенифер Лопез (51) никогаш не експериментирала премногу кога е во прашање физичкиот изглед. Исхраната на Џенифер Лопез: Од ова се прости засекогаш! Сепак, за насловната страница на магазинот Allure направи неочекувана трансформација, па се фотографираше со никогаш пократка коса. Не е познато дали е во прашање перика, но Џеј […]