fbpx

Дебела, грдотија.. Ивона со силна порака за сите жени

Младата пејачка и влогерка Ивона Јовановиќ која лани по речиси цели пет години се фотографираше во костим за капење, сега повторно испрати силна порака со неколку фотографии.

Јовановиќ која денес има над 25 илјади следбеници на „Инстаграм“ во минатото често добивала погрдни зборови за тоа како изгледа, но сега делува самоуверено и нема комплекси. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост.

Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен. Вишок кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак танги и слично.

Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години.

И најтешко од се’ знаете што е? Моментот кога ќе сфатиш дека си почнал и ти така да размислуваш. Моментот кога се фаќаш во денот како освен низа на негативни реченици ти немаш што убаво да си кажеш.

Затоа решив да посветам ден за себе. Ден кога ќе го облечам моделот кој секогаш сум замислувала дека го носам. И знаете што? Додека се фотографирав јас се чувствував исклучително убаво и посакувано од своја страна. Бев тргната од рамките на размислувањето кој и што ќе каже. И после ова објавување навистина ќе се стремам тоа да е така.
Вистинската тајна во постигнување на комплетна самодоверба не е да престанеш да се грижиш што другите ќе кажат за тебе, туку што имаш ти да си кажеш на себе.

Избери приоритет и грижи се за себе. Затоа што тоа е единствениот пат кој води до себеприфаќање.

Следни Објави

И Ана Николиќ во игра: Нови детали за криминалната банда на Веља Невоља

Популарната српска пејачка Ана Николиќ била блиска со луѓе кои одработувале за криминалната банда на Веља Невоља, тврди српски „Курир“. Атрактивната поп-ѕвезда ја поврзуваат со обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Беливук. Претходно со мафијата беше поврзан и […]