Наташа Димитриевска, жената која во 2018 година во сообраќајна несреќа ги загуби 32-годишниот сопруг Гоце и плодот во неа, конечно се огласи со убава вест.
– Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај „Млечен“ и одлучил Васил да оди две години во затвор и две години да не управува патничко моторно возило, затоа што ми го одзеде најмилото – напиша таа на „Твитер“.
Пред пет месеци, судијката Елена Јосифовиќ донесе скандалозна судска одлука кога досуди само условна казна за возачот на џипот кој поминувајќи преку двојна полна лента, го пресекол патот на мотор со кој се возеле Наташа и нејзиниот сопруг.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.